Ограбена црква во скопско Горно Коњари

Крадец успеал да украде 4.500 денари од црквата „Св. Богородица“ во скопското село Горно Коњари, информира Министерството за внатрешни работи.

Крадецот со погоден предмет успеал да влезе во црквата од каде ги одзел парите.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.