Клисарот во црквата „Св.Мина“ во Волковија вчера наутрово пријавил во полиција дека во периодот од средата до петокот (од 15 до 17 април) била извршена кражба во оваа црква.
– Засега непознатиот сторител или сторители со употреба на тврд предмет насилно ја отвориле влезната врата од црквата и без да пребаруваат или расфрлаат во нејзината внатрешност одзеле околу илјада денари и пет литри масло за јадење оставени од верниците како доброволен прилог. Незабележани од никого тие ја напуштиле црквата. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите, изјави портпаролот на СВР Тетово, Маријан Јосифовски.