
Црквата „Света Петка“ во село Беловиште вчера била ограбена.
Педесет и двегодишниот Б.М. од село Беловиште пријавил дека, во црквата „Света Петка“ непознат сторител извршил кражба, при што одзел 10.000 денари.
Сторителот преку незаклучената врата влегол внатре во црквата и од сандачето, каде верниците ставале пари, ги одзел и се оддалечил во непознат правец.
Полицијата работи на расчистување на случајот.