Ограбена поштата во Арачиново

Метална каса, жиг со лого, поштенски марки, коверти и уплатници се украдени од поштата во скопското село Арачиново, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Крадецот влегол во поштата од каде што украл метална каса во која што имало 17.412 денари, еден жиг со логото на поштата, поштенски марки, коверти, уплатници со вредност од околу 33 илјади денари.

Тој со погоден предмет ја исекол заштитната решетка на прозорецот, влегол внатре, ги украл предметите и си заминал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.