Ограбена сопругата на командант Малишева

Ограбена e сопругата на командант Малишева, a тој се сомнева во тајната полиција, објави shkupi24.

Малишева објави статус на социјалните мрежи:

На 26.04 оваа година околу 16:15 мојата сопруга Арјета Реџај беше ограбена пред затворот во Шутка во Скопје. Случајот е пријавен во полиција. Иако полицијата ветува дека крадецот ќе биде пронајден ако истиот го приклучи украдениот iPhone , исто така кажаа дека се во можност да го фатат крадецот дури и само ако го имаат телефонскиот број, па така побараа контакт кај да се обратат ако го најдат телефонот. Но, денес и после еден и пол месец нема ни трага од двајцата крадци.

Нели мислите дека е можно тајната полиција да исценирала тоа да изгледа како кражба, земајќи ја чантата од рака од каде што и го украдоа само новчаникот и телефонот iPhone 8 +, а потоа веднаш ја фрлија чантата. Всушност, сакаа да знаат со кого разговарала на телефон жената командантот и од кој се има контакти во нејзниот телефон, а со тоа да дознаат и со кој комуницирал командантот. Ова за мене е многу сомнително, а уште еден детаљ што ме прави уште повеќе да се сомневам е дека од Шутка ја испратија во полициската станица во Карпош која не е во надлежност на Шутка … Јас само сакам полицијата да го најде крадецот и да го идентификува проблемот.