Ограбена спортска обложувалница

Вчеравечер во 19.40 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков”, во спортска обложувачница “Спорт лајф” непознат сторител извршил разбојништво над вработениот.

Крадецот ги одзел парите од дневниот промет, а потоа побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.