Во Скопје на бул.„Видое Смилевски-Бато“ синоќа во 20:30 часот извршен е грабеж во обложувалницата „Вил Хил“.
Како што денеска соопшти МВР, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво и од вработениот одзеле засега неутврдена сума на пари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.