Непознато лице утринава извршило разбојништво во филијала на Стопанска банка лоцирана на улицата „Благоја Стефковски“ во Маџари.
Разбојникот кој бил маскиран и вооружен со пиштол со закана од вработените одзел околу 100.000 денари и 1.500 евра по што го напуштил местото на настанот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.