![g_crkva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/g_crkva.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Пари и два сребрени крста се украдени од четири цркви во ресенскиот крај.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, викендов била ограбена црквата Свети Никола во ресенското село Сопотско. Арамијата со употреба на подесен алат и физичка сила извршил тешка кражба од каде одзел околу 900 денари и метален крст.
Исто така ограбена е и црквата „Света Богородица“ во ресенското село Крани. Арамијата со погоден предмет ја отворил вратата и украл сребрен крст кој тежел околу 400 грама и околу 2.700 денари.
Во последниве два дена арамија украл 500 денари од црквата „Свети Никола“ во селото Лева Река, а 200 денари се украдено од црквата „Свети Ѓорѓија“ во селото Кривени.
Полицијата извршила увид на сите четири кражби и работи на откривање на сторителите.