Во вторникот извршени се два вооружени грабежи од засега непознати лица во аптеки во Скопје, известува Министерството за внатрешни работи чии припадници преземаат мерки за пронаоѓање на едниот сторител, откако едниот бил совладан од припадник на единицата „Алфа“ кој случајно се заатекнал на местото на грабежот.
Првиот инцидент се сличил околу 7,20 часот на булеварот „Крсте Мисирков“, во аптека „Зегин“, кога непознат маскиран сторител извршил разбојништо со закана со пиштол и од вработените одзел околу 3.500 денари.
Вечерта, пак, околу 19 часот исто така во Скопје на улицата„Ќемал Сејфула“, во аптека „Дајана Фарм“, непознат сторител маскиран и со пиштол извршил разбојништво.
Откако сторителот излегол од аптеката, бил забележан од полициски службеник од единицата „Алфа“, кој во моментот не бил на работа и го управувал своето возило. Во тој момент, полицискиот службеник го запрел возилото и се упатил кон сторителот, при што употребувајќи сила успеал да го совлада сторителот на тротоарот.
Сторителот бил приведен во Полициската станица Бит пазар, и е идентификуван како 44-годишен М.А. од Скопје.