Две цркви се ограбени минатата ноќ во општина Чешиново-Облешево.
И во двата случаи непознат сторител со подесен алат насилно отворил една од вратите во црквите и влегол внатре.
Од црквата “Св. Наум” во село Чифлик од касата украдени се околу 2.000 денари и еден прстен од бело злато. Од метални каси поставени во црквата “Света Недела” во село Облешево крадецот одзел околу 10.000 денари.
Полицијата превема мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите.