Бензинска пумпа и спортска обложувачница биле ограбени денеска во Скопје,информираше МВР.
Според полицијата, тројца маскирани лица околу 1 часот извршиле разбојништво во обложувачница на улицата Јужноморавски бригади во населбата Ченто.Разбојниците со пиштол им се заканиле на вработените од кои зеле нутврдена сума на пари и побегнале во непознат правец.
Второто разбојништво се случило околу 1.20 часот на бензинска пумпа во населба Маџари. Двајца разбојници со пиштол влегле во бензинската и од вработените зеле околу 10.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.