Oграда е поставена на средишниот дел на жардиниерата на булеварот „Крсте Мисирков“ на Бит-пазар.
Пешаците во овој дел, секојдневно ја прескокнуваа жардиниерата и ја претрчуваа улицата со што си го ставаат животот во опасност, а во исто време и го закчуваат сообраќајот. Исто така, на овој булевар досега се случувале и многу сообраќајни незгоди.
Пред неколку години, властите изградија пешачки надвозен премин, но ретко кој го користи за да премине на другата страна.
ФОТО: Сител.мк