
– Јапонија, Јужна Кореја, Хонгконг, Босна и Херцеговина и Јужна Африка наложија рестрикции за увозот на германски птици и птичји производи, се наведува во соопштението на Владата на германската провинција Мекленбург-Западна Померанија.
Осум европски држави и Израел открија во последната недела жаришта на силно заразени со вирусот Х5Н8 на птичји грип и некои од нив наредија живината на фармите да се држат затворени, со цел да се избегне ширењето на вирусот.
Засега претежно се заразени диви птици, но Германија, Унгарија и Австрија инфирмираа и за случаи во фарми со домашни птици, каде е наложени сите птици да бидат умртвени.