Огромен метеор падна во Атанскиот океан оваа несела и ослободи подеднаква количина енергија, како првата атомска бомба, но тоа никој не го забележа.
Метеорот влетал во атмосферата околу 900 километри од брегот на Бразил, скплодирал во воздух и како запалена топка паднал во океанот.
Покрај светлосната експлозија, научниците велат дека овој удар сепак не бил опасен.
-Доколку метеорот паднеше во населено подрачје, веројатно би искршил прозорци и би исплашил голем број луѓе, но мислам дека не би предизвикал никаква посериозна штета, вели истражувачот на НАСА, Фил Плејт, кој го истражувал овој настан.