Огромен број жени и деца чекале и до 20 часа на ужасниот студ за да побегнат од Украина во соседните земји

На вториот ден од руската инвазија на Украина во соседните земји веќе е регистириран првиот бран на бегалци. Граничните премини на украинската граница со Полска, Словачка, Унгарија и Романија веќе се пренатрупани, претежно со жени и деца кои чекаат да ја напуштат земјата, бидејќи Украина го ограничи преминот на мажи на возраст меѓу 18 и 60 години.

Полските локални медиуми објавија дека некои чекале 16 до 18 часа на ужасниот студ за да влезат во градот Медик во јужна Полска. Граничните власти соопштија дека 29.000 луѓе влегле во Полска од Украина од четвртокот, но не е познато колку биле воени бегалци, а колку Полјаци се вратиле дома.

Полскиот заменик-министер за внатрешни работи Павел Шефернакер изјави дека на возачите на автобуси од Украина не им било дозволено да ја преминат границата бидејќи треба да бидат регрутирани според возраста.

На границата со северна Романија, жените плачеа додека ги поздравуваа саканите мажи на пат кон Сигет Марматиеј, изјави сведокот за западни медиуми. Колони автомобили чекаа да се качат на траект преку Дунав до градот Исачеи, кој се наоѓа меѓу Молдавија и Црното Море, објавија локалните медиуми во Романија.

Словачките власти повикуваат на дарување крв и ги опремиле болниците со 5.380 кревети за армијата или НАТО. Низ Централна Европа, од левата страна на НАТО, волонтерите организираа сместување и превоз за оние кои пристигнуваат од границите преку социјалните мрежи. Активистите поставија пунктови за дистрибуција на храна и топли пијалаци.