Во изминатите години ВМРО – ДПМНЕ издвојува убедливи победи на вкупно 9 последователни изборни циклуси во Република Македонија. Имаме огромна поддршка од мнозинството граѓани, која е плод на нашата макотрпна работа и труд, вложен во исполнувањето на секој ветен збор кон нив, напиша заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот ФБ профил.
-Имаме поддршка која, од ден во ден се зголемува, затоа што сé повеќе граѓани ја препознаваат нашата трајна одговорност за грижа кон татковината, за грижа кон сопствениот народ и веруваат во тоа што го правиме. На 24 април, ќе се случи јубилејната, 10 победа по ред…А во меѓувреме и потоа, патот до успехот ќе продолжи, затоа што имаме визија и резултати!, напиша Ристовски.