![narod](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/narod.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Огромно мнозинство од испитаниците во истражувањето на јавното мнение кое го спровела Организацијата за граѓански активизам и независност спроведено од 1-ви до 9-ти септември а објавени во понеделникот сметаат дека земјата се движи во погрешна насока.
Дури 63,1 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во „целосна погрешна“ а уште 8,4 отсто велат дека оди во „погрешна насока“.
На спротивната страна, само 13,6 отсто сметаат дека земјата се движи во „целосно правилна“ а уште 14,9 проценти оценуваат дека оди во „правилна“ насока.
Кога станува збор, пак, за операцијата на попис на населението кој е во тек резултатите со мала предност се во полза на оние кои немаат доверба во процесот. Така, 40,2 отсто од испитаниците не веруваат дека станува збор за кредибиен процес, додека спротивно мислење имаат 37,1 отсто.
Во делумно кредибилен попис кој ќе ја одрази реалната состојба во земјата веруваат 11,4 отсто, а речиси идентичен процент од 11,3 не знаат или немаат одговор.
!„Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување од периодот на 1 септември до 9 септември 2021 на репрезентативен примерок на 1 149 испитаници на територијата на целата држава, со фокус на Град Скопје и општините на градот. При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.
Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.