ОХЦХР: Во Украина се убиени 925 цивили, а ранети се 1.496

Околу 925 цивили се убиени во Украина од почеток на руската инвазија, велат податоците на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Како што се наведува во извештајот, во Украина регистирани се вкупно 2.421 жртва вклучително и 925 починати и 1.496 ранети. Меѓу загинатите има 11 девојчиња, 25 момчиња и 35 деца за кои полот се уште не е познат.

Најмногу жртви се потврдени во областите Доњецк и Луганс каде евидентирани се 1.017 цивилни жртви (256 загинати и 761 повредени), додека во градовите Киев, Чернихов, Харков, Херсон, Одеса, Суми, Запорожје и други забележани се 1.404 жртви.

Најголем дел од жртвите се последица од употреба на експлозивно оружје со широко ударно дејство, вкучително и гранатирање со тешка артилерија и ракетни системи, соопшти ОХЦХР.