„Охис“ и 2013-та година ја заврши со загуба

Некогашниот хемиски гигант „Охис“ во текот на минатата година забележа загуба од 324 милиони 860 илјади 255 денари, покажуваат податоците од консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Компанијата и претходната 2012-та забележа загуба во висина од 279 милиони 841 илјади 985 денари.

Во текот на 2013-та година, „Охис“ прокнижи вкупно 46 милиони 465 илјади 272 денари приходи од работењето, од кои како приходи од продажба се 42 милиони 903 илјади 679 денари. За споредба, вкупните приходи на „Охис“ една година претходно биле на ниво од 223 милиони 210 илјади и 22 денари, од кои на приходи од продажба отпаѓаат 211 милиони 350 илјади и 708 денари.

На расходната страна „Охис“ забележа 320 милиони 410 илјади и 708 денари во 2013-та година, додека тој износ една година претходно беше 425 милиони 241 илјади 698 денари.

Досега за оваа компанија имаше десетина неуспешни тендери за продажба на овој загубар.