„Охис“ ќе ја зголемува основната главнина преку приватна понуда

Поранешниот хемиски гигант „Охис“ донесе одлука за зголемување на основната главнина, со издавање на четврта емисија на обични акции преку приватна понуда, стои во Одлуката објавена на Македонска берза.

До моментот на донесување на одлуката за зголемување на основната главнина, „Охис“ има главнина во вредност од 98 милиони 630 и 295 евра, распоредена на вкупно 1.929.048 акции со номинална вредност на една акција од 51,29 евра.

Во нивната вкупна структура 1.860.561 се обични, а остатокот од 68.487 се приоритетни акции.

Со четвртата емисија на акции се врши зголемуваее на основната главнина со непаричен влог преку приватна понуда наменета за Владата на Македонија.

Таа ќе се врши врз основа на претворање на побарувањата на државата по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата „Наум Наумовски- Борче“, „Тутунски комбинат“ од Прилеп и Друштвото за производство на производи со посебна намена „11-ти Октомври- Еурокомпозит“ од Прилеп.

Влаата ги презема акциите од новата емисија со претворање на своите побарување во влог во компанијата односно со внесување на непаричен долг. Непаричниот влог кој што ќе биде внесен од познатиот купувач ќе изнесува 314 милиони 592 илјади и 353 денари.