Охриѓанец измамен на социјалните мрежи, му јавиле дека добил наследство и уплатил 4.500 евра за да го добие

Во во понеделникот во СВР Охрид, 53-годишен жител од Охрид пријавил дека пред месец и половина, односно на 1-ви март годинава бил измамен преку социјалната мрежа Facebook.

„Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг ФБ профил, бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за да истото, му биде префрлено на неговата трансакциска сметка“, информираат од СВР Охрид.

Измамениот во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.