Охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице.
-На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен Д.С.(39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.