Во автомобил на паркинг во близина на „Горна Порта“ во Охрид синоќа во 20.20 часот било пронајдено починато лице, информира СВР Охрид.
Станува збор за М.Ј.(55) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на семејството.