
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Б.Н. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.
Пријавениот на втори август годинава на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со автомобил „пежо“ со струшки регистарски ознаки удрил во паркиран автомобил „шевролет каптива“, сопственост на 47-годишниот Д.Т. од Охрид и физички го нападнал, и притоа му се заканувал со остар предмет.
Агресивно, исто така, се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства и се обидел физички да ги нападне.