Охрид ќе добие нов современ театар

Охрид  наскоро ќе добие луксузен и раскошен театар, сличен на оној во Скопје. На местото на Центарот за култура и градската библиотека ќе се гради нов современ театар. Веќе е избрано најдоброто идејно решение, а овој месец ќе биде распишан тендерот за избор на проектантската куќа која ќе го направи проектот.

-Најважно беше да се среди урбанистичко планската документација за да можеме да ги продолжиме останатите фази. Избрано е идејно решение овој месец е планира да биде објавен тендер за избор на проектантска куќа која што согласно законот ќе ги работи осовниот и изведбениот проект, изјави Елизабета Канческа Милеска, министерка за култура.