Ова е оценката на угостителски работници кои веќе бележат зголемен интерес за резервации во хотелските капацитети. Главно, велат, се работи за гости од соседството, Србија и Бугарија, но и од Турција, но Охрид за Велигденските празници е посетен и од голем број домашни гости.
Очекувања за добар старт на годинашната туристичка сезона имаат и приватните издавачи на станови. Цените за сместување се од 400 денари за кревет до 50 евра за дневен закуп на апартман со повеќе легла што, според нив, се поволни, а зависат од местоположбата и од категоријата на сместувачките капацитети.
Првомајските празници веќе години наназад се вовед и во главната летна туристичка сезона, со почеток доаѓањето на првите организирани групи странски туристи кои доаѓаат во Охрид во претсезоната. Најголем број од нив и оваа година се туристите од земјите на Бенелукс, чии први групи гости пристигнуваат во Охрид веќе на 3-ти мај. Станува збор за првата група туристи кои ќе летуваат во Охрид преку закупените аранжмани на холандскиот тур-оператор „Корендон“, кои доаѓаат со чартер-лет на Охридскиот аеродром. Првите гости што во Охрид ќе летуваат преку аранжманите на „ТУИ Аркетравел“ доаѓаатна 13 мај, а од оваа година за првпат Охрид како дестинација е на понудата и на белгискиот тур-оператор „Томас Кук“ чиј прв чартер авион со гости ќе пристигне во јуни.