Во најновиот извештај на УНЕСКО, по мониторинг мисијата од јануари 2020 година, имаше голем број наводи за нереализација или застој во реализацијата на забелешките кои УНЕСКО ги упати уште во 2017 година до македонските власти. Мисијата констатираше дека „не е запрена ерозијата на наследството“ и дека заканувачките проекти и планови и натаму се развиваат.
И додека Охрид се наоѓа во ситуација кога може да му се одземе статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО, пред комплексот Парк на познатата охридска плажа „Golden Beach“ се бетонира внатре до езерото.
Станува збор за платформа која треба да служи како летна тераса на клубот Егоист.