Охрид со најмногу дожд во изминатите 24 часа

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи.

Според мерењата утрово во 8:30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнало во Маврови Анови, 23 во Крушево, 17 во Лазарополе, 16 во Штип и Пожаране, 15 во Виница, 14 во Попова Шапка, 13 во Битола и Прилеп, 12 во Дебар, 10 во Куманово, Тетово и Крива Паланка, девет во Скопје-Петровец и Претор, осум во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, седум во Велес, шест во Кавадарци, пет во Пожар, четири во Струмица и Берово и три литра во Дојран и Гевгелија.