Приходите од туристичката такса во Охрид за оваа година изнесуваат 3 милиони 70 илјади и 263 денари (околу 50 илјади евра). Според информациите на Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР ) има се поголема тенденција за пријавување на туристите и плаќањето на туристичката такса.
„ Податоците за бројот на официјално пријавени туристи ги имаме заклучно со мај. Остварени се 61.967 странски ноќевања, 30.379 домашни ноќевања или вкупно 90.346. Тоа е бројка која е за 10 отсто повеќе од лани. За бројката на пријавени туристи во моментов бројката ќе ја имаме следниот месец. Со зголемување на бројката се зголемува и наплатата, па така овој период имаме остварено приливи од 3 милиони 70 илјади и 263 денари по основ на плаќање на таксата,“ изјави за Нетпрес, раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
Таксата изнесува 40 денари од ден, а според Законот за такса за привремен престој трговски друштва или трговец-поединец регистрирани за вршење натуристичка и угостителска дејност, како и лицата кои даваат услуги за сместување на туристи и патници таксата за привремен престој се должни да ја наплатуваат истовремено со наплатувањето на извршената услуга за ноќевање.”
Казните за нелаќање на таксата се движат од 150 до 300 илјади денари.На правните лица може да им се изрече забрана за вршење на дејноста од една до три години.80% од наплатената такса се уплатува на сметка на единиците на локалната самоуправа и 20% на сметката на Буџетот.
Здружението на угостители и туризам при Стопанската комора за следниот период најавуваат низа активности во насока на остварување на барањата на хотелските работници и подобрување на нивната дејност, а една од нив е и правилно насочување и искористување на туристичката такса.