Спасувачи од Црвениот крст од Охрид спасиле дванаесетгодишно дете кое се давело во водите на Охридското Езеро кај Подградец, Албанија.
Детето заедно со уште пет други деца се возело на педалинка, а кога дошле на поголемо растојание од брегот скокнало во езерото и започнало да се дави.
Охридските спасители што го обезбедувале настанот со брза реакција успеале да го извадат на копно без никакви последици врз неговото здравје.