![132519076 охридско](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/132519076-18.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Управата информира дека водотеците имаат тренд на намалување и предупредува на внимателно движење покрај нив.
Неделната хидролошка анализа покажува дека нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес било повисоко од просекот за овој период во годината, додека на Вардар кај Демир Капија и на останатите реки, Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница,…, варира.
Водостојот на Црн Дрим, пак, од понеделник до петок се движел меѓу 18 и 33 сантиметри што е драстично под просекот кој изнесува 123 сантиметри.