
Според првичните информации, Брзата помош интервенирала со три возила со кои ги превезувала настраданите, а во меѓувреме во колоната возила се онесвестил еден човек, јавува Охрид1.
Како што пишува Охрид1, онесвестениот човек бил префрлен во автомобил со вевчански таблички и одведен во болница. Сè уште нема потврда од полицијата дали починал на местото на сообраќајката или на пат кон болницата.
Од СВР-Охрид повеќе детали за сообраќајката најавија за подоцна.