Охриѓанец силувал деветнаесетгодишна девојка

Охриѓанец доби кривчна пријава бидејќи силувал деветнаесетгодишна девојка.

Триесет и четиригодишниот С.Ѓ. и рекол на жртвата дека ќе и помогне дека ќе го пронајде непознатото лице кое претходно со измама и го зел нејзиниот мобилен телефон. Двете лица се качиле во такси возило и се упатиле кон ул. „Сирма Војвода“ по што заминале во блиската борова шума каде пријавениот ја силувал девојката.