Охриѓани претепале сограѓанин. Три лица од Охрид заработија кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.
Тројцата охриѓани Ф.М. (27), М.П. (19) и Д.Ј. (19) на 08.08.2015 година околу 02,00 часот, заедно со уште неколку лица, во ноќниот клуб „Кадмо“, физички го нападнале К.Р. од Охрид, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото.
Повредениот пренесен во болница во Охрид
Од силината на ударите повредениот К.Р. паднал во бесознание по што веднаш е пренесен во Општата болница во Охрид. Потоа пријавените ја нападнале и Ј.Ф. која се обидела да ги спречи и да го заштити К.Р. Притоа и таа се здобила со повеќе удари со раце и нозе и со влечење за коса била изнесена надвор од објектот.
Секторот за внатрешни работи Охрид уште истиот ден ги пронајде и приведе осомничените по што било извршено препознавање и идентификација на лицата учесници во нападот.