Охридскиот планинар Мишко Танески, на 9-ти август се искачи на врвот Разделнаја на планинскиот масив Памир во Киргистан, висок 6210 метри, пишува Охридњуз.
Ова е највисокиот врв на кој се искачил Танески, а потфатот е дотолку голем што Танески во финишот на меѓународната експедиција имал стомачни болки. Инаку планинскиот масив Памир е исклучително тежок за освојување поради екстремните услови кои владеат на места.
Доколку здравствено биде добар, Танески планира да го искачи и врвот Ленин.
Мишко Танески е еден од најактивните охридски планинари. Тој бил дел од повеќе меѓународни мисии во Европа, Азија и Јужна Америка.