СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ц.(53) и Д.Ц.(76) од с.Дебарца, кои извршиле „шумска кражба“.
Во периодот од август до ноември 2014 година, во шума во државна сопственост во атар на с.Песочан, првопријавениот извршил бесправна сеча на 5,7 метри дабово огревно дрво, додека второпријавениот 4,5 метри кубни дабово огревно дрво.
По преземени мерки извршен е претрес, при што кај пријавените лица се пронајдени 10,2 метри кубни дрва.