Американската атлетичарја Сидни Меклафлин-Левроне го освои златниот медал на 400 метри со пречки на Олимписките игри во Париз, остварувајќи нов светски рекорд од 50,37.
Бранителката на златниот олимписки медал од Токио го подобри личниот и светскиот рекорд што го постигна во јуни годинава во Јуџин, за 28 стотинки.
Тоа беше трка која се очекуваше со посебно внимание во Париз. Судир меѓу олимписката победничка од Токио и светската рекордерка од една страна и Фемке Бол од Холандија, актуелната светска шампионка од Будимпешта во 2023 година.
На крајот, трката мина во целосна доминација на 25-годишната Американка, која славеше со нов светски рекорд. Тоа е нејзино трето олимписко злато по победите во Токио и Париз на 400 метри со пречки и победата во штафетата 4х400 во Токио.
Американката Ана Кокрел го освои среброто со 51,87, додека Бол беше трета со резултат 52,15, освојувајќи нова бронза откако беше трета во оваа дисциплина и во Токио.