ОИ, атлетика: Златни медали за американските штафети 4х400 м

Американските женски и машки штафетни тимови во трките на четири пати по 400 метри ги освоија титулите олимписки победници, со што ги завршија атлетските натпревари на „Стад де Франс“.

Американските тркачи први го сторија тоа во саботата вечерта, а штафетниот тим на Боцвана ги натера Кристофер Бејли, Вернон Норвуд, Брајс Дедмон и Раи Бенџамин да постават нов олимписки рекорд од 2:54,43 минути, речиси за секунда подобар од претходниот рекорд поставен од американската штафета која го освои златото на Олимпијадата 2008 година во Пекинг.

Четворката од Боцвана имаше само десетинка полошо време (2:54.53) од победниците и со тоа постави нов африкански рекорд, додека бронзата ја освоија Британците со нов европски рекорд (2:55.83).

На американските атлетичарки, пак, им недостасуваше една десетинка од олимпискиот и светскиот рекорд (3:15,17 минути), поставен во минатиот век, на Игрите во Сеул во 1988 година. Го постави штафетата на тогашниот СССР.

Шамиер Литл, Сидни Меклафлин-Леврон, Габриел Томас и Алексис Холмс беа убедливи победнички со нов северноамерикански рекорд (3:15.27).

Фемке Бол ѝ донесе на Холандија олимписко сребро и нов национален рекорд (3:19.50), со што повторно ги престигна штафетите на Велика Британија (3:19.72) и Ирска (3:19.90) во брилијантна завршница. Ирките во тој исход останаа без медали и покрајтоа што дорбо се држеа во текот на трката.