Во овој залив каде ќе се одржат натпреварувања во едрење и виндсурфинг, е преполно со отпад, мебел и умрени животни.
Дури 70% од канализационите води во Рио се влеваат во Гванабара.
Подготовките за Олимписките игри во Рио се на вистински пат, но предизвици и натаму постојат, пред се тоа се однесува на чистењето на заливот, рече Бах.
Владата на Рио веќе го пропушти рокот за намалување на загадувањето во заливот за 80% пред Олимписките игри кои што започнуваат на 5-ти август следната година.
Бах истакна дека одредени мерки се превземени, додека за преостанатите ќе се почека до почетокот на игрите со цел сите да се погрижат за безбедни услови за спортистите.