ОИК го отфрли мировниот план на Трамп за Изараел и Палестинците

Организацијата за исламска соработка  денеска го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп. На самитот во саудискиот град Џеда, ОИК (57 членови) го отфрли мировниот план меѓу Израел и Палестинците претставен минатата недела од зетот и советник на Трамп, Џаред Кушнер.

„Тој израелско-американски план… не ги исполнува минималните аспирации и легитимни права на палестинскиот народ“, се вели во соопштението на ОИК.

„Сите земји-членки се повикуваат да не се обврзуваат или соработуваат со американската администрација во спроведувањето на тој план во која било форма“, наведуваат ОИК.

Планот на САД претставен од Трамп во вторникот гарантира дека Ерусалим ќе остане неподелена престолнина на Израел и сугерира дека главен град на евентуалната палестинска држава треба да биде Абу Дис, предградие на Ерусалим, а Палестинците го сакаат целиот Источен Ерусалим како нивна престолнина.

Во неговиот проект, Доналд Трамп предвидува и анексија на сите еврејски населби и долината Јордан во Западниот Брег, која е палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година.