ОИК во Битола ги демантира гласините за „бугарски воз“

Од Општинската изборна комисија во Битола се децидни дека во градот нема гласање наречено бугарски воз, по веста што беше објавена на некои медиуми.

Претседателката на ОИК Весна Томовска објаснува дека на избирачко место 102 во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола поништено е едно гласачко ливче, зашто жената која гласала во гласачката кутија ставила обично ливче кое го донела од дома, а гласачкото го оставила зад параванот. Избирачкиот одбор го евидентираше ова, се поништи гласачкото ливче, се заведе во записникот и увид изврши полицијата. По ова, гласањето на ова избирачко место продолжи без проблеми. Ваков случај не е пријавен ни во СВР Битола.