ОЈО поднесе обвинение за насилство врз Шеќеринска во Собранието

Основното јавно обвинителство – Скопје известува дека спровело истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – насилство а во однос на крвавиот четврток и тепањето на пратениците и новинарите во Парламентот на 27.април.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.

По завршената истражна постапка, ОЈО поднел обвинителен акт за осомничениот до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Осомничениот се товари дека за време на настаните во Законодавниот дом повлекол за коса пратеничка во македонското Собрание, а оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда.