Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Основен суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против осомничените во предметот „Пуч“.
Во соопштението наведуваат дека тоа е сторено по спроведување сеопфатна истражна постапка, разгледување и анализа на прибраните докази и факти за овој предмет.
Првообвинетиот З.В. се терети за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање, Шпионажа и Насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Второобвинетиот Ѓ.Л. е обвинет за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање и Шпионажа.
Третообвинетата С.В. за кривично дело Шпионажа, додека четвртообвинетиот З.З. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи и петтообвинетиот Б.П. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе и Предлог за продолжување на мерката -Притвор.
Основното Јавно Обвинителство, за организиран криминал и корупција го достави обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој е распределен на совет за оценка.
Воедно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предлог на Основното Јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција, ја продолжи мерката притвор за обвинетите З.В., Ѓ.Л., С.В. и Б.П., поради тоа што се уште стојат причините поради кои е определена.