ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Владата планира да направи мигрантска населба, но ние нема да дозволиме да се наруши безбедносната состојба во градот

Владата на СДС планира во Кавадарци да направи мигрантска населба. СДСМ донесе акциски план за вдомување на 200.000 мигранти на територијата на Република Македонија, со што Македонија од транзитна земја ќе стане земја во која вештачки ќе се менува демографијата на населението, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

„Градот Кавадарци, исто како Гевгелија, Дојран, Битола и Прилеп е еден од градовите каде што СДСМ има намера да сместува мигранти и да му издава наши документи. Општина Кавадарци ниту има можности ниту ресурси да обезбеди сместување на мигранти како што налагаат. Кавадарци штотуку почна економски да се развива. Со намалувањето на невработеноста се појави и потребата за работна сила надвор од Општина Кавадарци, но наместо СДС да направи услови да не ни заминуваат младите во западните земји, СДСМ по налог на некои сили сакаат Македонија и Кавадарци да ги наполнат со луѓе кои не им требаат во Европа“, потенцираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

Ние во Кавадарци, додаваат, без разлика на одлуката во влада, нема да дозволиме некои други народи да ни ги земаат работните места, нема да дозволиме да се наруши безбедносната состојба во градот.

„Владата на СДСМ не ги штити интересите на сопствените граѓани! На граѓаните им е доста од манипулациите и марионетските потези. Следува политичка одговорност“, се вели во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.