ОК ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп: Граѓаните, конечно, и на хартија ја видоа неспособноста на оваа локална власт

Во текот на вчерашниот ден Советот на Општина Прилеп ја одржа својата 18. седница, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и додаваат дека граѓаните, конечно, и на хартија ја виделе неспособноста на локалната власт.

Кварталниот извештај што советниците од СДСМ сами си го изгласаа зборува дека процентот на реализација на капиталните инвестиции од ветеното пред граѓаните изнесува катастрофални 11,62 отсто, бројка што конечно црно на бело го потврдува сето она за што зборувавме изминатиот период. Мегаломанските проекти што ги ветија пред граѓаните останаа само празно слово на хартија и ништо повеќе“, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Оттааму додаваат дека неспособноста, неработењето и неажурноста се целосно видливи, а секоја манипулација е прочитана од прилепчани.