ВМРО ДПМНЕ посветено работи на унапредувањето на здравствениот систем при што врвен приоритет претставува подигнување на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните. ВМРО ДПМНЕ како сериозна политичка партија продолжува да инвестира во секој сегмент од здравството, затоа што секоја инвестиција во здравството е инвестиција за сите сегашни и идни генерации, инвестиции за здрава нација и здраво општество, посочуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Во продолжение во го пренесуваме интегрално сооштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид:
ВМРО ДПМНЕ преку својата програма РЕАЛНО има проекти со кои ќе продолжи да инвестира во здравствената инфраструктура, набавка на најсовремена медицинска опрема и унапредувања на знаењата и вештинити на медицинскиот кадар.
Како еден од најзначајните проекти од здравствената област за градот Охрид е осовременувањето и унапредувањето на условите во специјалната болница за ортопедија и трауматологија„Св. Еразмо”. Започнато е реновирање и адаптација на објектот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” со што е опфатено и преселување на Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.
Со проектот се придонесува осовременување и унапредување на условите за третман на пациентите, а со тоа и подигнување на квалитетот на медицинската нега. Ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба, а предвидено е реновирање и реорганизирање на амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата и другите дијагностички содржини. Предвидено е овој проект да се заврши во месец јули наредната година и предвиден е буџет од 215 милиони денари.
Исто така за специјалната болница ќе се набават 344 медицински апарати од кои што ќе наброиме само неколку: Пендант за интензивна нега со можност за поставување на монитор, инфузори, перфузори, и друга додатна опрема за интензивна нега, респиратор со волуметриска и притисочна контрола, апарат за анестезија, електрокаутер за ортопедски процедури, 13 електрични кревети за пациенти интензивна нега, повеќекратен селсервер за реинфузија на сопствена крв – систем за периоперативна автотрансфузија при ортопедска хирургија, апарат за стереилизација на воздух во присуство на персонал во операциона сала, затоплувач на пациент (три апарати), монитор за витални парамтери, автоматизиран (електричен) држач за колено, фибероптички ларингоскопски сет и уште многу други.
ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи со реализација на ветувањата за понапредно и поквалитетно здравство залагајќи се да има здравје во секој дом и здравје за секој граѓанин. Грижата за граѓаните и нивното здравје за нас претставува дополнителен потик да продолжиме со вложувањата во сите сегменти во здравството, со цел натамошно подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Како што знаеме сите ние главна идеологија на нашата политичка партија ВМРО ДПМНЕ е неуморно да се грижи и залага за секој граѓанин на нашата земја во сите сфери од секојдневното живеење и затоа се бори да изгради помодерно и поквалитетно здравство. Со ваквата грижа и посветеност за граѓаните, несомнено на 11 декември ВМРО ДПМНЕ ќе ја добие нивната поддршка.