ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Јованоски прави низа законски повреди поради кои ќе одговара пред надлежните органи

Градоначалникот Илија Јованоски последните денови од својот катастрофален мандат ги поминува во изведба на неумешни правни маневри, како да се избегне одговорност од незаконски поништена донација со која е оштетен имотот на општина Прилеп, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во врска со отпочнатата постапка од ОЈО Прилеп против Илија Јованоски.

-Имено, во 2018 година и покрај донесена одлука на совет на Општина Прилеп за прифаќање на донација – патничко возило Мерцедес, склучен договор за реализација на донацијата и решение од министерство за правда со кое се потврдува донација од јавен интерес, Илија Јованоски се става себеси над законот и еднострано одлучува од само нему познати причини дека нема да изврши прием на возилото кое сега веќе е општински имот. Во меѓувреме од 2018 до 2021 година со овој движен имот не располага општината туку трето лице.

Во Септември 2021, после отпочната истражна постапка од ОЈО Прилеп, градоначалникот прави уште една повреда на законите и со надеж дека ќе спаси што може да се спаси го раскинува договорот за донација на возилото и со помош на советничката група на СДСМ на совет донесува одлука за поништување на донацијата и покрај утврдениот јавен интерес.
Со ова Илија Јованоски прави низа законски повреди поради кои ќе одговара пред надлежните органи. Никој не е над законот! Не е ни Илија Јованоски! Отчет пред правдата и граѓаните мора да има, стои во нивната објава.