
Јокиќ доминираше во дуелот против Руди Гобер во натпреварот и постигна 25 поени, 15 скокови и 14 асистенции, па така стигна до 66. трипл-дабл во кариерата.
Србинот со помош на Ерон Гордон го одржуваше Денвер во игра со Јута пред последниот период, но гостите со серија од 11-0 на стартот на последната четвртина стигнаа до недостижни 14 поени (102-88).
Јокиќ беше најдобар во екипата, по што го следеше Гордон со 20 поени, седум скокови и шест асистенции, а кај Јута најефикасен беше Донован Мичел со 31 поен, додека Бојан Богдановиќ постигна 21 поен.
На останатите натпревари Сакраменто кинс загуби од Хјустон рокетс со 112-118, додека Минесота го совлада Голден Стејт со 119-99.