Тој успеа да забележи нов „трипл-дабл“ и да постави рекорд, а зад себе да го остави славниот Меџик Џонсон, но и тоа не беше доволно за победа. Денвер загуби од Кливленд со 126:114, покрај во 27 поени, 20 скока и 11 асистенции на Јокиќ.
Српскиот кошаркар го забележа 139. трипл-дабл во кариерата.
-Тоа е нешто за што ќе разговараме кога ќе ја завршам кариерата, сега не гледам на тоа. Дефинитивно е одлично, многу убава работа, порача Србинот по мечот.
Со одличниот настап против Кливленд, Јокиќ стана играчот кој најбргу стигнал до 500 поени, 200 скока и 150 асистенции во една сезона во НБА. Му беа потребни само 20 натпревари.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Денвер 128:114
Вашингтон – Далас 101:137
Њујорк – Шарлот 125:101
Торонто – Оклахома 92:129
Мемфис – Сакраменто 115:110
Њу Орлеанс- Феникс 126:124
Сан Антонио – Чикаго 124:139
Голден Стејт- Хјустон 99:93